недела, 7 декември 2025

Русија тестираше суперторпедо, оружје што може да предизвика радиоактивни плимски бранови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија успешно го тестирала нуклеарното суперторпедо „Посејдон“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американските и руските претставници го опишуваат „Посејдон“ како нова класа оружје способно да предизвика радиоактивни плимски бранови што би ги направиле погодените крајбрежни градови непогодни за живеење. Путин им кажал на војниците ранети во војната во Украина дека тестот е извршен вчера.

„Тоа е огромен успех“, рече Путин, додавајќи дека „Посејдон“ има поголема моќ од интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“.

Според достапните информации, „Посејдон“ е интерконтинентално автономно торпедо на нуклеарен погон што може да носи нуклеарно оружје и да се движи под површината на океанот на многу долги растојанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ