петок, 6 март 2026

Русија размислува за пренасочување на гасот од Европа кон „пријателските земји“

Рускиот вицепремиер Александар Новак денес изјави дека разговарал со домашните енергетски компании за пренасочување на испораките на течен природен гас (ЛНГ) од Европа кон други пазари. Неговата изјава ја објавија новинската агенција Интерфакс и весникот Известија, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најавата доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела изјави дека Русија би можела веднаш да ги прекине испораките на гас за Европа поради скокот на цените на енергијата предизвикани од кризата во Иран.

Со тоа Москва би ги спречила плановите на Европската Унија да го запре увозот на руски ЛНГ до крајот на 2026 година и на гас преку цевководи до 30 септември 2027 година.

Новак објасни дека руските компании ја разгледуваат можноста за пренасочување на пратките кон пазарите на Азиско-пацифичкиот регион. Според него, преговорите веќе се во тек, а во блиска иднина испораките ќе бидат пренасочени од европскиот пазар кон, како што ги нарече, пријателските земји.

„Нашите компании, без да чекаат понатамошни ограничувања од Европа, ги разгледуваат можностите за склучување нови долгорочни договори со нашите партнери и пренасочување на дел од гасот од Европа кон други земји, вклучувајќи ги Индија, Тајланд, Филипините и Народна Република Кина“, кажа Новак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ