среда, 25 март 2026

Русија: Расте побарувачката за нафта, а Украина го забрзува економскиот колапс на ЕУ

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека побарувачката за руска нафта неодамна пораснала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков изјави за радио и телевизиската станица ВГТРК дека побарувачката е толку голема што на Москва може да ѝ биде тешко да ги задоволи сите барања. „Побарувачката е голема, побарувачката за алтернативни патишта е голема, па секако може да дојде време кога ќе биде тешко да се задоволи дополнителната побарувачка“, кажа тој.

Претседателскиот претставник Кирил Дмитриев ја обвини Украина за влошување на глобалната енергетска криза. „Се чини дека украинското раководство очајно се обидува да ја влоши најголемата енергетска криза во светот, дополнително забрзувајќи го енергетскиот колапс на Европската Унија“, кажа тој, мислејќи на нападите врз пристаништето Уст-Луга во рускиот Ленинградски регион.

Руските медиуми претходно објавија дека неколку резервоари за нафта во пристаништето Уст-Луга биле запалени во напад со украински дронови.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека дроновите летале повеќе од 900 километри. Украинскиот Генералштаб, исто така, пријави штета на рускиот патролен мразокршач Пурга.

Претходно Дмитриев посочи дека понатамошното зголемување на цените на енергијата и стоките ќе има значително влијание врз економијата и ќе ја забрза инфлацијата. Тој кажа дека Европа се приближува кон „цунами на енергетски шок“ поврзан со одбивањето на ЕУ да купува руски природен гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ