понеделник, 15 декември 2025

Русија ракетираше украински воен полигон за обука

Најмалку тројца војници загинаа, 18 лица се повредени во руски ракетен напад врз единица за обука на украинската војска, соопштија властите. „И покрај безбедносните мерки, не беше можно целосно да се спречат жртви меѓу персоналот“, соопштија украинските вооружени сили.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Војската соопшти дека ќе спроведе темелна истрага за инцидентот и дека доколку се утврди дека некој е прогласен за виновен од небрежност, ќе биде казнет. Од соопштението не беше јасно која единица е погодена.

Ова не е првпат центар за обука на украинската војска да биде погоден од руски ракети.

Во јуни, 12 регрути беа убиени, десетици беа повредени во руски напад врз воен полигон во украинскиот регион Дњепропетровск. Тогаш воениот функционер Михајло Драпати поднесе оставка. За Украина, која зависи од обука на нови регрути за стабилизирање на фронтот, ваквите напади се особено штетни, додава ДПА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ