среда, 16 јули 2025

Русија ракетираше украинска воена база, загинаа 12 војници, 60 се ранети

Во напад врз центар за обука на украинските копнени сили загинаа 12 лица, а 60 се повредени, соопшти прес-службата на вооружените сили на земјата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Според официјалните податоци достапни до 12 часот и 50 минути, познато е дека 12 лица се убиени, повеќе од 60 се повредени“, се вели во извештајот, кој беше објавен на Телеграм, според Укринформ.

Копнените сили соопштија дека станува збор за ракетен напад.

Украинските копнени сили објавија дека немало формации или масовни собирања на персонал на местото на нападот во времето на ударот. Повеќето од членовите биле во засолништа, бидејќи претходно била објавена воздушна тревога. „Ранетите ја добиваат сета потребна квалификувана медицинска помош“, соопшти армијата.

По нападот формирана е специјална комисија која ќе ги испита околностите на инцидентот и ќе ги утврди можните пропусти. Исто така, започната е официјална истрага, а Оперативната команда Исток соработува со надлежните безбедносни служби.

„Доколку се докаже дека смртта и повредите на војниците се резултат на постапки или пропусти на одговорните лица, тие ќе бидат повикани на одговорност “, се вели во соопштението.

Нападот се случи само неколку часа откако руските сили извршија голем воздушен напад врз регионот на Киев ноќта меѓу 31 мај кон 1 јуни, користејќи беспилотни летала, крстосувачки ракети и балистички проектили.

Десет куќи беа оштетени во округот Била Церква. Во исто време, беше гранатиран и округот Билгород-Днистровски во регионот Одеса. Таму беа оштетени станбени куќи и рекреативен центар, каде што избувна пожар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ