вторник, 17 јуни 2025

Русија: Работиме на документ за завршување на војната. Ќе ѝ го испратиме на Украина

Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум со принципите за евентуален мировен договор за завршување на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со американскиот колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.

Путин рече дека меморандумот ќе ги дефинира принципите на можниот договор, временската рамка за потенцијалниот мировен договор и деталите за евентуалниот прекин на огнот.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова изјави дека работата на рускиот нацрт-документ сè уште е во тек и дека документот ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов.

„Русија продолжува да развива нацрт-меморандум за иден мировен договор, кој дефинира бројни ставови, како што се принципите на договорот, временската рамка за можниот мировен договор и евентуалниот прекин на огнот на одреден временски период доколку се постигне соодветен договор“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ