вторник, 17 март 2026

Русија порача дека не планира одземање на имот на ЕУ, но дека ги следи потезите на Унијата

Русија нема планови да заплени каков било европски имот, вклучувајќи компании и банки, но е подготвена да го преиспита тој став доколку Европската Унија конфискува руски суверен имот, изјави денес висок функционер на руското министерство за финансии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Засега, ние не запленуваме ништо. Европејците не повикаа на запленување, па затоа нема да заплениме ништо додека тие не го сторат тоа. Ако тие сепак конфискуваат (имот), тогаш и ние ќе го разгледаме тоа“, изјави заменик-министерот за финансии Алексеј Мојсеев, пренесува Ројтерс.

Тој кажа дека неодамнешниот претседателски декрет за забрзана приватизација на државниот имот не е поврзан со никаков план за преземање на европски средства.

Тој истакна дека државата не конфискувала приватни европски компании и банки, кои и понатаму работат во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ