вторник, 6 мај 2025

Русија порача дека не е обврзана да го брани Иран во случај на американски напад

Москва порача дека не е обврзана да му пружи помош на Иран во случај на американски напад откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран дека „не смее да развие нуклеарно оружје“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во понеделникот кажа дека Соединетите Американски Држави директно преговараат со Иран за нуклеарната програма, за која западните земји стравуваат дека може да доведе до развој на нуклеарно оружје. Техеран тврди дека програмата се користи за мирнодопски цели, а порачаа дека состанокот во Оман ќе се одвива преку посредници.

„Ако преговорите не успеат, тоа ќе биде многу лош ден за Иран“, порача Трамп. Тој претходно се закануваше со бомбардирање и дополнителни санкции ако не се постигне договор.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Андреј Руденко кажа дека американски напад на Иран би имал сериозни последици за регионот, но дека Русија е спремна да помогне во посредувањето меѓу Техеран, со кого има воена соработка, и Вашингтон.

Но, тој истакна дека Москва не е обврзана да му помогне на Иран во случај на оружен конфликт.

Хамидреза Азизи, експерт за Иран и истражувач на германската аналитичка група СВП во Берлин, кажа дека иранските лидери се свесни дека во случај на американски напад ќе останат сами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ