Рускиот претседател Владимир Путин во видео повик им кажа на воените старешини за време на вежбата да биде симулирано и дејствувањето на највисоките функционери во случај на користење на нуклеарното оружје.
Путин, кој повеќе пати се закани со нуклеарно оружје во обид да го одврати Западот од ескалација на конфликтот во Украина, истакна денес дека рускиот нуклеарен арсенал е „сигурен гарант на суверенитетот и безбедноста на земјата“.
„Земајќи ги предвид растечките геополитички тензии и новите закани и ризици, важно ни е да имаме модерни стратегиски сили кои се секогаш спремни за борба“, кажа претседателот и потврди дека Русија употребата на нуклеарното оружје ја гледа како „крајна, екстремна мерка за осигурување на безбедноста“.
Напомена дека Москва ќе продолжи да ги модернизира нуклеарните сили.
Минатиот месец тој предупреди дека дозволувањето на Киев да напаѓа длабоко во територијата на Русија со оружјето со долг дострел испорачано од Западот, би го довело НАТО во војна со Русија.
Оваа година руската војска веќе одржа заедничка вежба на нуклеарните сили со Белорусија, на чија територија е дел од руското тактичко нуклеарно оружје.






