среда, 28 јануари 2026

Русија почна со повлекувањето од Сирија

Руската војска почна да се повлекува од своите бази во североисточна Сирија, кои сè уште се контролирани од Сириските демократски сили (СДФ), кои ги предводат од Курдите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Борци на СДФ изјавија за агенцијата Асошиејтед прес дека Русите почнале со враќање на опремата пред неколку дена, а СДФ моментално ја обезбедува руската база во близина на градот Камишли.

„Не знаеме дали дестинацијата на руската војска е Русија или воздухопловната база Хмејмим. Тие сè уште се присутни во Камишли и се евакуираат чекор по чекор“, изјави еден војник на СДФ.

Кремљ засега не се огласува за тоа.

Русија има дипломатски односи со новата влада на Сирија, и покрај тоа што поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, кој беше соборен во 2024 година, е близок сојузник на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ