Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера ја признаа палестинска држава, во потег кој произлезе од фрустрацијата поради војната во Газа и има за цел да поттикне решение со две држави, што предизвика жестока реакција од Израел, пишува британската агенција.
„Остануваме посветени на фундаменталните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и остануваме посветени на меѓународната позиција за можноста за решавање на палестинско-израелскиот проблем врз основа на пристап со две држави. Ова останува наш пристап и веруваме дека тоа е единствениот можен начин да се најде решение за овој исклучително сложен, долгорочен конфликт, кој сега е можеби во својата најтешка и најтрагична фаза во целата историја“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






