Во понеделникот Трамп рече дека САД директно преговараат со Иран за неговата нуклеарна програма, за која западните земји стравуваат дека може да доведе до развој на оружје. Техеран тврди дека програмата се користи за мирољубиви цели, а средбата во Оман ќе се одржи преку посредници.
„Ако преговорите пропаднат, тоа ќе биде многу лош ден за Иран“, рече Трамп. Тој претходно се закани со бомбардирање и дополнителни санкции доколку не се постигне договор.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека американскиот напад врз Иран ќе има сериозни последици за регионот, но дека Русија е подготвена да помогне во посредувањето меѓу Техеран, со кој има блиски воени врски, и Вашингтон.
Но тој исто така посочи дека Москва не е обврзана да му дава воена помош на Иран во случај на конфликт.
Хамидреза Азизи, експерт за Иран и истражувач во германската тинк-тенк СВП во Берлин, за Њузвик изјави дека иранските лидери се свесни дека во случај на напад од САД, ќе останат сами.