Трамп побара од власта во Венецуела да ги прекине економските врски со Русија и Кина, но компанијата која управува со руските нафтени средства во таа земја објави продолжување на работењето.
Росзарубежњефт во соопштението кое го пренесе агенцијата ТАСС изјави дека ќе продолжи да ги исполнува своите обврски во соработка со меѓународните партнери.
„Компанијата ќе продолжи доследно да ги исполнува своите обврски во тесна координација со своите меѓународни партнери, давајќи приоритет на одржливиот развој на заеднички проекти за производство на нафта, инфраструктура и ефикасен одговор на новите предизвици“, се наведува во соопштението.
Компанијата, исто така, соопшти дека сите нејзини средства се стекнати под пазарни услови и се во сопственост на руската држава.
Тие соопштија и дека имаат намера, заедно со венецуелската страна, да „спроведат заеднички проекти и да ја прошират производствената и технолошката соработка врз основа на принципите на еднаквост, меѓусебно почитување на сопственоста и заштита на инвестициите“.






