недела, 14 декември 2025

Русија не го признава враќањето на санкциите на ОН против Иран

Русија не го признава враќањето на санкциите на Обединетите нации против Иран, соопшти рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, одговарајќи на прашањето дали Москва ќе ги примени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во саботата ОН го врати ембаргото за оружје и другите санкции кон Иран поради неговата нуклеарна програма, по иницијатива на неколку европски држави. Техеран предупреди дека остро ќе одговори.

Британија, Франција и Германија започнаа процес за враќање на санкциите против Иран во Советот за безбедност на ОН, обвинувајќи го за кршење на нуклеарниот договор од 2015 година, чија цел е да го спречи да развие нуклеарна бомба. Иран негира дека сака нуклеарно оружје.

„Ние не го признаваме враќањето на санкциите“, кажа Небензја на прес-конференција по повод почетокот на претседателството на Русија со Советот за безбедност во октомври.

„Живееме во две паралелни реалности бидејќи враќањето на санкциите се случи за некои, но не и за нас. Тоа создава проблем. Како ќе се извлечеме од тоа, ќе видиме“, кажа тој.

Иран е под ембарго за оружје и му е забрането секое збогатување и повторна преработка на ураниум во ново гориво и активности поврзани со балистички ракети способни да носат нуклеарно оружје.

Санкциите вклучуваат забрана за патување за десетици ирански граѓани, замрзнување на средствата на десетици правни и физички лица и забрана за испорака на сè што може да се користи во нуклеарната програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ