„Седиштето на Амнести во Лондон е центар за подготовка на глобални русофобни проекти финансирани од соучесниците на режимот во Киев“, соопшти руското обвинителство.
Обвинителството објасни дека од почетокот на својата работа, активистите на Амнести „прават сè што можат за да ја интензивираат воената конфронтација во регионот – ги оправдуваат злосторствата на украинските неонацисти, повикуваат на зголемување на нивното финансирање и инсистираат на политичка и економска изолација на Русија“.