Според официјалниот список објавен на интернет страницата на тоа министерство, РСФ сега припаѓа на „странските“ организации чии активности се оценети како „непожелни“ на руска територија.
Прогласувањето на организација за „непожелна“ во Русија значи забрана на нејзините активности, бидејќи тоа ги изложува луѓето што работат за неа или ја финансираат на судски постапки и можни затворски казни, пишува Франс прес.
Од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, руските власти значително ја зголемија репресијата врз критичките гласови, затворајќи стотици луѓе и забранувајќи десетици невладини организации и медиуми.
РСФ, со седиште во Франција, редовно ги осудува овие напади врз слободата на медиумите и им помага на новинарите кои се прогонувани во Русија.
На својот сајт РСФ изрази жалење што „речиси сите независни медиуми“ се забранети во Русија, блокирани или прогласени за странски агенти или „непожелни организации“.
За прв пат во 2015 година, Москва објави список на „непожелни“ организации. Досега, на тој список има 250 организации, вклучувајќи ги Амнести интернешнл и Гринпис, како и неколку медиуми.






