недела, 13 јули 2025

Русија ја предупреди Америка воено да не му помага на Израел

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков предупреди дека директната американска воена помош за Израел би можела радикално да ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, каде што веќе шест дена се води војна меѓу Иран и Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според новинската агенција Интерфакс, Рјабков рекол дека Русија ги предупредува САД да не му даваат таква помош на Израел, па дури ни да разгледуваат такви „шпекулативни опции“.

„Ова би бил чекор што радикално би ја дестабилизирал целата ситуација“, го цитираше агенцијата.

Тој потврди дека Москва е во контакт со Ерусалим и Техеран.

Во посебен коментар, шефот на руската служба за надворешно разузнавање СВР, Сергеј Наришкин, рече дека ситуацијата меѓу Иран и Израел сега е критична.

Претходно, извор запознаен со внатрешните дискусии во САД изјави дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим разгледуваат низа опции, вклучително и приклучување кон Израел во нападите врз иранските нуклеарни локации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ