„Различни атрибути и нации се претставени во анкетата од речиси 17.000 луѓе од целиот свет, спроведена од 22 март до 23 мај 2024 година“, се наведува во написот.
Неодамнешните проценки покажале значително придвижување во динамиката на воената моќ. Пред почетокот на конфликтот во Украина Русија беше на третото место, зад Соединетите Американски Држави и Кина.
Меѓутоа, борбеното искуство кое го стекнале руските сили и нивните успеси на бојното поле ги навеле аналитичарите повторно да ја проценат својата претходна позиција.
Магазинот Ју-ес њуз ги спроведува своите воени ранг листи низ детална и систематска проценка на различните фактори кои придонесуваат на воената сила на една нација.
Централен за оваа проценка е резултатот на „индексот на моќта“, кој вклучува повеќе од 60 поединечни параметри, вклучувајќи ги големината и способноста на воените единици, финансиските ресурси, логистичката инфраструктура и географските услови. Овој пристап овозможува детално разбирање на воените способности на секоја земја.
Покрај тоа, рангирањето применува специфични модификатори, бонуси и казни, кои помагаат да се подобрат резултатите, овозможувајќи им на помалите нации поефикасно да се натпреваруваат против големите сили. Годишната проценка оценува вкупно 145 земји, фокусирајќи се првенствено на нивните конвенционални борбени капацитети.
Американската војска е на второто место на ранг листата, а израелската е веднаш зад неа.
На листата на десетте најсилно војски во светот се и Кина, Јужна Кореја, Иран, Британија, Украина, Германија и Турција.






