Украинските сили соборија и неутрализираа 585 дронови и 30 ракети, соопшти военото воздухопловство, додавајќи дека биле погодени 29 локации.
Најмалку осум лица се ранети во нападите, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Русија повторно изврши „масовен напад со ракети и дронови“ врз електрани и друга енергетска инфраструктура во неколку украински региони, напиша украинскиот оператор Укренерго на Телеграм.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека енергетските објекти биле главни цели на нападот, наведувајќи дека железничката станица во градот Фастив, во Киевскиот регион, била уништена во напад со беспилотни летала.
Руското Министерство за одбрана објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 116 украински дронови над руска територија синоќа.
Рускиот канал Астра објави дека Украина нападнала руска рафинерија за нафта во Рјазан, заедно со снимки од пожар и облаци од чад над рафинеријата.
Регионалниот гувернер на Рјазан Павел Малков изјави дека станбена зграда е оштетена во нападот со беспилотно летало и дека остатоците од дронот паднале на земјиште на „индустриски објект“.
Нападот на Русија предизвика тревога пред Денот на вооружените сили на Украина и додека американските и украинските претставници денес најавија дека ќе го одржат третиот ден од разговорите за окончување на речиси четиригодишната војна. Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп и украинските претставници велат дека постигнале напредок кон договор за безбедносна рамка за повоена Украина.






