Одлуката беше официјално потврдена со наредба потпишана од рускиот премиер Михаил Мишустин, во која се детално опишани договорите што се поништуваат.
„Раскинување на договорот меѓу владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики и владата на Канада за посети по воена линија, договорот меѓу владата на Руската Федерација и владата на Француската Република за соработка во областа на одбраната и договорот меѓу владата на Руската Федерација и владата на Португалската Република за соработка во воената област“, се наведува во објавениот документ.
Станува збор за договори кои се потпишани во различни периоди – оној со Канада уште во 1989 година, со Франција во 1994 година и со Португалија во 2000 година.
Министерството за надворешни работи на Русија има задача официјално да ги информира канадската, француската и португалската страна за донесената одлука.






