петок, 30 јануари 2026

Русија го одби предлогот на Украина за прекин на огнот

Русија го смета прекинот на огнот побаран од украинскиот претседател Володимир Зеленски за неприфатлив, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Изјавата на Лавров се чини дека се однесува на предлогот за таканаречено енергетско примирје, за кое портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно одби да коментира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно имаше непотврдени извештаи дека и руските и украинските сили добиле наредба привремен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. Информациите се проширија преку воени блогови и канали на Телеграм, без официјална потврда од Москва или Киев.

Според блогерот Владимир Романов кој се смета за субјективен кон Кремљ, на руските сили наводно им било забрането да напаѓаат инфраструктурни објекти низ цела Украина, вклучувајќи го Киев и околината, како и трафостаници, термоцентрали, хидроелектрани и објекти за складирање гас, нафта и гориво.

Според тие изјави, забраната требаше да трае до 3 февруари. Во исто време, украинскиот канал Супернова+ објави дека слична усна инструкција наводно стигнала до украинските војници, со повик да не се напаѓа руската енергетска инфраструктура.

Потоа тие извештаи беа поврзани со трилатералните преговори одржани на 23 и 24 јануари во Абу Даби, на кои посредуваа САД.

Фајненшл тајмс напиша дека се зборува за можно запирање на руските напади врз украинските енергетски објекти во замена за тоа Киев да се воздржи од напади врз руските нафтени објекти и танкери. Сепак, некои украински канали предупредија дека нема конечен договор и дека секој прекин ќе биде краткотраен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ