четврток, 12 март 2026

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Руското министерството за надворешни работи им препорача на граѓаните да избегнуваат непотребни патувања во Германија, наведувајќи ги како причина растечките сомничавост и непријателство со кои Русите таму се соочуваат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата одржана на 12 март, портпаролката на министерството Марија Захарова изјави дека Русите треба внимателно да проценат дали патувањето во Германија е нужно и да се придржуваат до официјалните упатства. Таа потврди дека германските власти се однесуваат со сомнеж кон речиси секој Русин на германска територија, без оглед на тоа дали живеат таму трајно или привремено. Според неа, околу руските граѓани во Германија е создадена атмосфера на недоверба и самоволно однесување.

Патувањето на руските граѓани во многу земји од Европската Унија стана поограничено по почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година. Неколку земји-членки на ЕУ ги суспендираа или заострија визите за Русите, додека земји како Финска и балтичките држави воведоа и ограничувања за влез на нивните надворешни граници, наведувајќи безбедносни причини и политички притисок поврзан со војната.

И покрај овие мерки, Германија остана една од главните дестинации во Европската Унија за Русите со важечки визи, дозволи за престој, семејни врски или оние што доаѓаат од хуманитарни причини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ