четврток, 5 јуни 2025

Русија ѝ предложи нов датум и место за преговори на Украина

Русија ѝ понуди на Украина датум и место за одржување нови преговори во наредните денови, со цел размена на меморандумот за можно решение на конфликтот, изјави Владимир Медински, претставникот на рускиот претседател Владимир Путин за преговорите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медински потврди дека имал телефонски разговор со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров за оваа тема и кажа дека руската делегација „очекува одговор што е можно поскоро“ и дека е подготвена за лична средба со украинската страна во наредните денови.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва предложила следните преговори да се одржат на 2 јуни, исто така во Истанбул, објавија руските новински агенции.

Најголемиот турски град беше домаќин и на последната рунда преговори меѓу двете делегации. Украинската страна сè уште јавно не одговорила на рускиот предлог.

Во исто време, Русија ја отфрли можноста преговорите да се одржат во Ватикан, откако папата Франциско пред да почине понуди Светиот престол да служи како место за средба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ