четврток, 19 март 2026

Русија ѝ нуди на Индија заедничко производство на борбените авиони Су-57

Индија би можела да купи најмалку две ескадрили од „невидливиот“ ловец од петтата генерација сухој Су-57 од Русија и ќе го разгледа рускиот предлог за домашно производство на тие авиони, пишува Раша тудеј.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, рускиот предлог е сличен на претходните договори со Њу Делхи, според кои авиони МиГ и Су-30 МКИ се произведуваат во Индија. Доколку предлогот биде прифатен, државната компанија Хиндустан аеронаутика лимитед ќе соработува со руската компанија за производство на тие авиони.

Доколку страните се согласат да го произведуваат Су-57 во Индија, првите две ескадрили би биле испорачани подготвени за употреба, додека Хиндустан аеронаутика би можела да произведе дополнителни 3 до 5 ескадрили во својот објект во Нашик.

Плановите се во рана фаза и се одвоени од програмата за повеќенаменски ловци (МРФА), која ја спроведува индиското воено воздухопловство, се наведува во извештајот. Како дел од програмата МРФА, индиското воено воздухопловство наводно го препорачало францускиот ловец „рафал“, произведен од Дасо авиасион.

Во мај, индискиот министер за одбрана Раџнат Синг одобри „показен модел “ за развој на напреден повеќенаменски борбен авион (AMCA) со инвестиција од 148 милиони евра.

AMCA е двомоторен, повеќенаменски „стелт“ авион кој може да се користи во сите временски услови, дизајниран за широк спектар на мисии, вклучувајќи воздушна надмоќ, копнен напад, спротивставување на непријателска воздушна одбрана и електронско војување.

Минатиот месец, индиската влада наводно одобрила договор вреден 6,45 милијарди евра за домашно производство на борбени авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ