петок, 27 март 2026

Рубио: Зеленски лаже за безбедносните гаранции (ВИДЕО)

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио денес го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека лажел кога кажа дека Соединетите Американски Држави ги условиле своите безбедносни гаранции за Киев со отстапување на дел од нејзината територија на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е лага“, изјави шефот на американската дипломатија за новинарите по состанокот на Г7 во близина на Париз.

„Видов дека Зеленски го кажа тоа и жално е што го кажа тоа затоа што знае дека не е вистина“, додаде Рубио. Преговорите за завршување на четиригодишната војна сè уште се во ќорсокак, потсетува Франс прес.

Зеленски претходно изјави за Ројтерс дека Соединетите Држави ги понудиле своите безбедносни гаранции потребни за мировен договор во Украина под услов Киев да го отстапи источниот регион Донбас на Русија.

Оваа изјава беше поздравена од специјалниот руски претставник Кирил Дмитриев, велејќи дека Москва „не може а да не се радува“.

„Тој кажа важна работа… конечно сфати дека ставот на САД е таков што ќе ги поддржи безбедносните гаранции само ако Украина го напушти Донбас“, кажа Дмитриев.

Регионот Донбас се состои од регионите Луганск и Доњецк. Според податоците од американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ), Русија речиси целосно го контролира Луганск и околу 75 проценти од регионот Доњецк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ