Рубио, кој е и советник за национална безбедност, ја даде изјавата за Фокс њуз. Тој додаде дека понудата за дипломатски дијалог со Иран е сè уште на маса и нагласи дека промената на режимот не е цел на САД.
Тој, исто така, рече дека САД не бараат војна во Иран.
„Светот е побезбедно и постабилно место денес отколку што беше пред 24 часа“, оцени Рубио, по што испрати предупредување до Иран дека нивниот одговор би бил најлошата грешка што некогаш ја направиле.
“What we want now is to ensure that Iran never has nuclear weapons.” — @SecRubio pic.twitter.com/KFzgo4g5L0
— Department of State (@StateDept) June 22, 2025
Тој предупреди дека продолжувањето на нуклеарната програма на Иран би можело да го доведе во прашање опстанокот на режимот.
„Мислам дека тоа би бил крајот на режимот“, рече Рубио. „Програмата на Иран е технички сериозно заостаната, не само поради она што го направивме синоќа, туку и поради она што го направија Израелците претходно, кои одлично ја завршија работата“, додаде тој.
Рубио, исто така, предупреди за мрежата на регионални групи на Иран, велејќи дека администрацијата на Трамп јасно ставила до знаење: „Ако некои од овие групи ја нападнат Америка, ние не само што ќе се справиме со нив, туку ќе го сметаме Иран за одговорен. Знаеме кој стои зад нив. Иран ќе биде одговорен за постапките на тие групи“.
Рубио, исто така, нагласи дека промената на режимот во Иран не е цел на САД и рече дека Иран нема да го манипулира Доналд Трамп.