среда, 28 јануари 2026

Рубио: Данска, Гренланд и САД почнаа процес на преговори, не сакаме медиумски циркус

Данска, Гренланд и Соединетите Американски Држави почнаа процес насочен кон постигнување договор за спорот околу Гренланд, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио. Претставници на трите страни се состанаа на „техничко“ ниво, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, без да даде детали за учесниците или локацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во добра позиција сме во моментов“, кажа Рубио на јавното сослушување. Тој кажа дека процесот е започнат денес и се очекува да доведе до „добар исход за сите“. Рубио објасни дека разговорите се структурирани на таков начин што ќе се избегне „медиумски циркус“ околу секој состанок, што овозможува поголема флексибилност во потрагата по решение.

„Мислам дека ќе успееме“, оцени Рубио. Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денес во Париз изјави дека постојат „црвени линии“ што не смеат да се преминат во разговорот со САД, но исто така призна дека треба да се направи повеќе за да се зголеми безбедноста во регионот поради „сè поагресивната“ Русија.

Тој нагласи дека неговата земја ќе се води од демократските вредности и принципот на почитување на територијалниот интегритет во преговорите со САД. „Имаме одредени црвени линии кои не можеме да ги преминеме, но од перспектива на Гренланд ќе се обидеме да најдеме некаков договор“, рече тој на јавен форум на Универзитетот Сајенс По.

„Под притисок сме, сериозен притисок. Се обидуваме да се спротивставиме. Се обидуваме да се справиме со стравот на нашиот народ. Мораме да спроведеме поголем надзор и безбедност во нашиот регион поради начинот на кој Русија се однесува сега“, додаде тој.

Барањето на САД за контрола врз Гренланд ги потресе трансатлантските односи и ги забрза европските напори за намалување на зависноста од САД, дури и откако Трамп минатата недела ги повлече заканите за царини и ја исклучи можноста за преземање на Гренланд со сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ