вторник, 31 март 2026

Рубио: Американските дипломати треба да го користат Икс за борба против пропагандата

Американските дипломати треба да ја користат социјалната мрежа Икс и да соработуваат со воените единици за психолошки операции за да се спротивстават на странската антиамериканска пропаганда, се наведува во допис на државниот секретар Марко Рубио во кој имал увид Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меморандумот, за чие постоење првпат објави Гардијан, е посветен на начините за разоткривање на операциите на странско влијание и дезинформациите кои „претставуваат директна закана за националната безбедност на Соединетите Американски Држави и поттикнуваат непријателство кон американските интереси“, пишува Ројтерс.

Документот им наложува на дипломатите „по потреба да се координираат со меѓуресорните партнери“, со посебен акцент на Психолошките операции на Пентагон, единицата порано позната како Воени операции за информациска поддршка (МИСО). Иако меморандумот не дава детали, целта тие единици традиционално е да влијаат врз непријателските војници на бојното поле.

На пример, МИСО стоеше зад американските пропагандни напори против Исламска држава во Сирија. Во една таква акција во 2015 година, десетици илјади летоци во стилот на стрип биле фрлени од воздух, на кои беа прикажани регрути на ИС како се туркаат во мелница за месо.

Воените психолошки операции веќе предизвикуваа тензии со американските дипломати во минатото. Ројтерс претходно објави дека за време на првата администрација на Трамп, тимовите на Пентагон користеле лажни профили на социјалните медиуми за да шират сомнежи за вакцината на Кина против болеста ковид-19, и покрај противењето на службеници на Стејт департментот.

Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар за меморандумот на Рубио и природата на можната соработка меѓу нивните единици и дипломатите.

Меморандумот ги повикува дипломатите и да постираат веродостојни информации и да ги разоткријат лажните вести користејќи алатки како што е функцијата „Белешки од заедницата“ на социјалната мрежа Икс на Илон Маск, како и други, неименувани алатки за вештачка интелигенција. Икс и иксАИ не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Платформата Икс честопати е критикувана за тоа што дозволува ширење на дезинформации, особено откако Маск ги укина тимовите за модерација и безбедност по преземањето на тогашниот Твитер во 2022 година. Икс тврди дека платформата е дизајнирана да даде приоритет на слободата на говорот и дека „Белешките од заедницата“ се подобро решение од централизираната модерација.

Маск е моќен сојузник на Трамп, а неговата платформа стана клучно место за собирање на влијателни лица кои го поддржуваат Трамп. Минатиот месец, иксАИ на Маск ја купи неговата ракетна компанија Спејсекс пред очекуваната голема јавна понуда на Волстрит, со што Икс и компанијата за ракети ќе бидат под ист корпоративен покрив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ