„Многу брзо од нивните одговори ќе дознаеме дали се сериозни за вистински мир или тоа е само тактика за одложување. (Ако) тоа е тактика за одложување, претседателот не го интересира тоа“, изјави Рубио на прес-конференција по министерскиот состанок на НАТО во Брисел, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека доколку Русија не е сериозна во врска со мирот, САД ќе мора да ја преиспита својата позиција.
Рубио, исто така, рече дека Копенхаген треба да се „фокусира на фактот“ дека жителите на Гренланд не сакаат да бидат дел од Данска.
„Одлуката ќе ја донесе народот на Гренланд“, додаде тој.