Јавниот медиумски сервис на Србија наведува дека вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српските вооружени сили, а притоа било погодено куче кое било во непосредна близина.
Потоа напаѓачите избегале во правец на Косово со шест џипови.
Базата „Дебела Глава“ се наоѓа во Копнената безбедносна зона (КЗЗ) меѓу Србија и Косово, која е воспоставена со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Военотехничкиот договор од 1999 година, на површина од 1.471 квадратни километри.
Ширината на КЗБ е пет километри, додека должината на административната линија со Косово е 382 километри. Српските безбедносни сили во 2001 година влегоа во КЗБ, во којаво која заедно извидуваат патроли на српската армија и КФОР.






