понеделник, 23 февруари 2026

Росатом ѝ нуди на Србија изградба на нуклеарна централа

Москва е подготвена да ѝ понуди на Србија проект за нуклеарна централа, потврди шефот на рускиот енергетски гигант Росатом по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Можеме да изградиме нуклеарна централа која е од 99 до 100 проценти руски производ, можеме да ја реализираме во формат на меѓународен конзорциум, со максимално учество на добавувачи“, изјави Алексеј Лихачев пред новинарите по средбата во Белград со Вучиќ.

Србија во моментов нема свои нуклеарни централи, а на крајот од 2024 година беше укината законската забрана за нивна изградба, која беше воведена во 1989 година по катастрофата во Чернобил. Србија во моментов задоволува 70 проценти од своите потреби за електрична енергија од термоцентрали на јаглен, кои се големи загадувачи, и е целосно зависна од Русија за снабдување со гас.

Вучиќ напиша на својот официјален профил на Инстаграм дека „разговарал за примената на нуклеарната енергија во областа на фармацијата, здравството и производството на енергија“ со директорот на Росатом.

„Исто така, ја разгледавме можноста за учество на српски компании и нивна обука за примена на нуклеарна енергија на територијата на трети земји“, додаде српскиот претседател.

Минатиот септември српските медиуми објавија дека Вучиќ, за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, ги поканил руските компании да учествуваат во инфраструктурни проекти во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ