Членката на Европската Унија и НАТО која на своја територија има американска воена база ќе ги повтори претседателските избори во два круга, на 4 и 18 мај, откако Уставниот суд го поништи првиот круг во декември по шпекулации за руско мешање во изборите во корист на десничарскиот кандидат Калин Ѓоргеску.
Во меѓувреме на Ѓоргеску му беше забрането да се кандидира.
Ако Симион успее да ги придобие гласачите на Ѓоргеску, тоа може да одреди дали уште една централноевропска земја ќе се одметне од контролата на Брисел, со Унгарија и Словачка.
Ѓоргеску сè уште не дал поддршка на ниеден кандидат откако нему му беше забрането да се кандидира.
Симион, лидер на десничарската Алијанса за обединување на Романија (АУР), и Анамарија Гаврила, лидерка на Партијата на млади луѓе )ПОТ), се придружија на трката со договор дека некој од нив ќе се повлече ако изборните власти ги прифатат двете нивни кандидатури. Гаврила се повлече вчера.
„Одлучивме да го поддржиме оној кој има најмногу шанси за победа“, кажа Гаврила во заедничкото видео со Симион на социјалните мрежи.
Триесет и седумгодишниот Симион следеше како неговата партија го минува патот од маргинална група која се залагаше против вакцинирањето за време на пандемијата на ковид-19до водечка опозициска сила во Романија со тоа им се обрати н а работничката дијаспора и младите гласачи и го негува гневот на јавноста кон мејнстрим политичарите.
„Денес, повеќе од кога било, на Романија ѝ треба единство на своите национални сили“, порача Симион на социјалните мрежи.
Тој истакна дека не е проруски настроен, а рускиот претседател Владимир Путин го нарече воен злосторник истакнувајќи дека го поддржува членството на Романија во Европската Унија. Меѓутоа, како Ѓоргеску, кажа дека Романија треба да биде порешителна и да ги следи сопствените интереси.
Симион го поддржа враќањето на границите на Романија на оние пред Втората светска војна, со територии кои денес се дел од Бугарија, Молдавија и Украина. тој е прогласен за непожелна личност во Молдавија и Украина.
Анкета на јавното мислење објавена претходно овој месец покажа дека Симион ќе влезе во вториот круг на изборите, но заостанува зад Никушор Дан, градоначалникот на престолнината Букурешт, кој оди на изборите како независен кандидат.






