петок, 12 декември 2025

Романија потврди два случаи на лепра, првпат по 40 години

Романија соопшти дека се откриени две масерки заболени од лепра во бања во северозападниот град Клуж, што се првите потврдени случаи на оваа болест во таа земја, членка на Европската Унија, по повеќе од 40 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Ројтерс, уште две лица биле тестирани, а двата потврдени случаи – обете државјанки на Индонезија, на возраст од 21 и 25 години – биле на лекување, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство Александру Рогобете изјави дека корисниците на бањата не треба да се грижат, бидејќи за пренос на болеста е потребна долга изложеност.

Една од пациентките неодамна се вратила од Азија, каде што поминала еден месец со својата мајка, која моментално е во болница со истата болест, изјави Рогобете, а пренесе државната новинска агенција Агерпрес.

Властите ја затворија бањата додека не заврши истрагата, соопштија здравствените власти.

Последниот потврден случај на лепра во Романија, позната и како Хансенова болест, бил откриен пред 44 години, соопшти Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ