петок, 26 декември 2025

Романија крена борбени авиони Ф-16 поради Русија

Романската војска синоќа крена во воздух два борбени авиони Ф-16 откако радарите открија „роеви“ руски дронови што се движеле кон украинските пристаништа на Дунав, во близина на романската граница.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на округот Тулча добиле пораки преку системот РО-алерт и им било препорачано да останат во домовите, бидејќи постоел ризик делови од дрон да паднат на романска територија.

РО-алерт е романски систем за предупредување на граѓаните во итни ситуации, како екстремни временски појави, поплави, терористички напади и други опасности што ги загрозуваат животот и здравјето, а функционира преку испраќање пораки на сите мобилни телефони во загрозеното подрачје.

Предупредувањето било издадено околу 1 часот по полноќ, меѓу четвртокот и петокот, кога радарите откриле роеви дронови што се движеле кон украинските пристаништа на Дунав, претставувајќи опасност за местата во Романија во близина на границата со Украина, пишува Диги 24.

Властите соопштија и дека не биле евидентирани пријави за паѓање објекти од воздушниот простор или други вонредни ситуации.

„Забележан е само еден повик од близина на општината Тулча, во кој биле побарани дополнителни информации за звуците предизвикани од експлозија“, соопшти институцијата.

Мисијата траела речиси два часа, во текот на кои воените пилоти постојано биле во воздух и ја надгледувале областа. „За време на мисијата не се евидентирани неовластени навлегувања во националниот воздушен простор. Авионот се врати во базата и безбедно слета во 3:15 часот наутро“, соопшти романското Министерство за национална одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ