недела, 14 декември 2025

Ројтерс: Воените лидери на НАТО утре ќе расправаат за Украина и понатамошните чекори

Воените лидери на НАТО се очекуваат утре на состанок за да разговараат за Украина и следните чекори, изјавија денес за Ројтерс американски функционер и функционер на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот функционер, кој зборувал под услов да остане анонимен, вели дека американскиот генерал Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили, треба да учествува на состанокот виртуелно, но дека плановите сепак би можеле да се променат.

Пентагон не одговорил веднаш на барањето за коментар, според Ројтерс.

Претседателот на Воениот комитет на НАТО свика, според изворот од НАТО, редовен состанок на ниво на началници на одбранбени штабови.

Друг функционер на НАТО изјавил дека врховниот воен командант на алијансата Алексус Гринкевич ќе ги информира шефовите на одбраната за резултатите од состанокот на Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ