недела, 13 јули 2025

Ројтерс: Трамп забранил да биде убиен иранскиот ајатолах

Доналд Трамп го отфрлил израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца американски претставници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот се вели дека предлогот бил поднесен во последните денови, но Трамп ставил вето на него.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги негираше тврдењата дека Трамп спречил израелско сценарио за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи.

Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху рече: „Постојат многу лажни извештаи за разговори што никогаш не се случиле и нема да навлегувам во тоа. Но можам да кажам дека ќе направиме што мораме. И мислам дека Соединетите Држави знаат што е добро за нив.“

Тој додаде дека нападите ќе престанат кога ќе ги уништат нуклеарните капацитети на Иран.

Ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години, е врховен лидер на Иран од 1989 година и е најмоќната политичка и религиозна фигура во земјата. Неговиот авторитет ги надминува сите други институции, вклучувајќи ги претседателот и парламентот, и има клучна улога во обликувањето на надворешната политика и нуклеарната програма на Иран.

Судирите меѓу Израел и Иран продолжуваат трет ден по ред, со десетици жртви од двете страни. Според активистите за човекови права, израелските напади во Иран резултирале со најмалку 406 мртви и 654 ранети, додека Иран возврати со повеќе од 270 ракети, од кои 22 ја погодија израелската територија, при што загинаа најмалку 14 лица, вклучувајќи деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ