петок, 23 мај 2025

Ројтерс: Со појасот Газа би можела да управува администрација предводена од САД

Соединетите Американски Држави и Израел разговарале за можноста Вашингтон да ја предводи привремената повоена администрација на Појасот Газа, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извори „запознаени со темата“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Консултациите „на високо ниво“ биле фокусирани на преодна влада која би ја предводел американски претставник, а која би ја надгледувала Газа додека таа да се демилитаризира и стабилизира, и додека не се појави одржлива палестинска управа, кажале изворите.

Изворите кажале и дека не постои фиксна временска рамка за траењето на таквата управа предводена од САД и дека „рокот на траење“ би зависел од ситуацијата на теренот.

Израелскиот и американски план за Газа е сличен на Коалициската привремена управа во Ирак која Вашингтон ја наметна во 2003 година, набрзо по американската инвазија со која беше урнат претседателот Садам Хусеин и која повеќето Ирачани ја доживуваат како окупациска сила. Управата траеше една година, а потоа ја пренесе власта на привремена ирачка влада во 2004 година откако не успеа да го смири растечкиот бунт.

Изворите кажале дека и други земји ќе бидат повикани да учествуваат во администрацијата која би ја предводеле САД во Газа, не наведувајќи кои. Ти кажале дека администрацијата ќе користи палестински експерти и невладини личности, но ќе ги исклучи исламистичката група Хамас и Палестинската самоуправа, која има ограничена власт во окупираниот Западен брег.

Изворите на Ројтерс кажале дека е нејасно дали може да се постигне каков било договор. Разговорите не напредувале до точка на разгледување кој би можел да ги преземе клучните улоги, се истакнува. Изворите не прецизирале која страна го изнела предлогот ниту дале дополнителни детали за разговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ