вторник, 24 февруари 2026

Ројтерс: САД и Русија разговарале за нов договор за нуклеарното вооружување

Претставници на Соединетите Американски Држави се сретнаа денес во Женева со руска делегација, а во вторник ќе се сретнат со кинеска делегација за да разговараат за можното склучување на мултилатерален договор за контрола на нуклеарното оружје, наведува британската новинска агенција, повикувајќи се на висок извор во американскиот Стејт департмент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно овој месец американскиот претседател Доналд Трамп предложи развој на подобрен и модерен договор за стратегиска контрола на нуклеарното оружје за наредните години, кој би го заменил истечениот договор Нов СТАРТ.

„Наместо да го продолжуваат Нов СТАРТ (лошо договорен од страна на САД кој, меѓу другото, е грубо прекршуван), нашите нуклеарни експерти треба да работат на нов, подобрен и модернизиран Договор кој може да трае долго во иднина“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ