понеделник, 9 јуни 2025

Ројтерс: САД го прифатија луксузниот Боинг 747 од Катар како подарок

Соединетите Американски Држави го прифатија луксузниот авион Боинг 747 како подарок од Катар, а од американските воздухопловни сили е побарано да утврдат начин за брзо негово надградување за употреба како нов Ер Форс Уан, објави денес Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го одобри прифаќањето на авионот вреден 400 милиони долари и им даде задача на американските воздухопловни сили да најдат начин брзо да го надградат за употреба како официјален авион на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според агенцијата, правните експерти го доведоа во прашање законот што се однесува на подароци од странски влади, кој има за цел да спречи корупција и несоодветно влијание.

Самиот Трамп ги отфрли етичките загрижености, велејќи дека би било „глупаво“ да не се прифати авионот.

Катарската влада исто така ги отфрли загриженостите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ