Извор британската агенција потврдил дека САД се целосно свесни за намерите на ЕУ и стојат зад таквата одлука.
Додека Западот се обидува да го зголеми притисокот врз Москва, Европската комисија предложи план кој ќе им овозможи на владите на ЕУ да користат 140 милијарди евра руски средства за кредит за Украина.
„Вашингтон апсолутно ја поддржува ЕУ и чекорите што ги презема сега за да може да ги користи овие средства како инструмент“, изјавил анонимниот извор за Ројтерс.
Предлогот на ЕУ во моментов е во застој поради приговорите од Белгија, каде што се наоѓаат поголемиот дел од средствата, а други земји како Франција и Италија се повеќе се противат на нелегалното користење на руските средства.
Одбивањето на Белгија да го поддржи заемот би можело да го натера Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да ја блокира финансиската помош за Киев.
Москва го осуди замрзнувањето на средствата и предупреди дека запленувањето би претставувало „грабеж“ и би го прекршило меѓународното право, а истовремено би било на штета на Западот.






