четврток, 11 декември 2025

Ројтерс: Египет има нов предлог за мир во Газа

Египет изнесе нов предлог минатата недела со цел обновување на договорот за прекин на огнот во Газа, изјавија денеска безбедносни извори за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот доаѓа по ескалацијата на насилството откако Израел ги продолжи воздушните и копнените операции против Хамас минатиот вторник, со што практично заврши двомесечниот период на релативен мир.

Египетскиот план предлага Хамас да ослободува пет израелски заложници неделно, а Израел да ја спроведе втората фаза од прекинот на огнот по првата недела, велат изворите.

И САД и Хамас се согласија со предлогот, рекоа безбедносни извори, но Израел сè уште не одговорил.

Изворите рекоа дека египетскиот предлог вклучува и временска рамка за ослободување на сите заложници во замена за временска рамка за целосно повлекување на Израел од Газа, со американски гаранции.

Хамас го обвини Израел дека ги прекршил условите од јануарскиот договор за прекин на огнот, но рече дека и понатаму е подготвен да преговара за прекин на огнот и дека ги проучува предлозите на специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ