понеделник, 12 јануари 2026

Роберт Ф. Кенеди потврден за американски министер за здравство

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на големите фармацевтски компании кој го поддржа претседателот Доналд Трамп откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, американскиот Сенар денес го потврди за министер за здравство и социјална нега и покрај отпорот на медицинскиот естаблишмент и членови на Конгресот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кенеди е потврден со 52 гласа наспроти 48, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на демократите, сите 47, кои гласаа против Кенеди. Тој вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинирање за да ги обезбеди гласовите на неодлучните парламентарци.

Потврдата во Сенатот му го подготвува патот да даде заклетва за позицијата во рамки на која ќе надгледува неколку медицински тела, вклучувајќи ги Управата за храна и лекови (ФДА) и Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Откако Кенеди ќе даде заклетва денес, Трамп ќе потпише извршен указ за формирање на комисија МАХА, наречена според програмата на Кенеди „Да ја направиме Америка повторно здрава“, а на новиот министер ќе му наложи „да ја истражи хроничната криза која ја мачи Америка“, кажа портпаролката на Белата куќа Керолин Левит за Фокс њуз.

Седумдесет и едногодишниот Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, се сомнева во веродостојноста и ефикасноста на оние вакцини за кои не се објавени резултатите од истражувањата и ефектите.

Во надлежност на министерството се и програмите Медикер и Медикејд, кои им пружаат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националните институти за здравје (НИХ).

Кенеди кажа дека ќе работи на искоренување на хроничните болести, прекинување на врските меѓу вработени на американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и исфрлање на флуорот од американските водоводи.

Неговите противници тврдат дека не е соодветен за министер за здравство поради својата истакната улога против вакцините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ