Трениталија најави дека патувањето од Рим до Минхен преку австриски Инсбрук ќе трае осум и пол часа.
Брзиот воз Фрекиароса, гордоста на италијанската железница, ќе минува низ Фиренца и Болоња. Предвидена е и изградба на втора линија која ќе го поврзува Милано со Минхен за шест и пол часа.
Во втората фаза до 2028 година овие линии, во соработка со германскиот железнички оператор Дојче бан (ДБ) и австриски АББ, ќе се прошират до Берлин и Наполи.
„Една од стратегиските цели на трениталија е да се поврза Италија со воз со главните европски градови. Фрекиароса би требало да стане воз на Европејците, а не само на Италијанците“, истакна извршниот директор на Трениталија Џанпјеро Стришиугљо.
Управата на Трениталија се надева дека довршувањето на изградбата на тнелот Бренер меѓу Австрија и Италија, во моментов планирано за 2032 година, би можело дополнително да го скрати времето на патување за еден час. Ископувањето на тунелот на италијанската страна беше тукушто завршено.
Трениталија веќе управува со брзи возови во Франција, а линијата Париз-Милано директно му конкурира на француски СНЦФ, особено на линијата меѓу Париз и Лион, најпопуларната линија за корисниците на ТГВ.