„Да бидеме јасни околу Будимпештанскиот меморандум: нуклеарното оружје било руско. Украина ѝ го врати нуклеарното оружје на Русија. Тоа не било украинско. Ова е непријатен факт“, порача Гренел.
Стивен Фајфер, поранешен американски амбасадор во Украина, му одговори дека „целосно греши“.
„Помагав во преговорите за Будимпештанскиот меморандум. Гренел целосно греши. Нуклеарните боеви глави во Украина во Украина беа советски, а не руски. Боевите глави во складиштата беа под исклучиво украински надзор. Интерконтиненталните балистички проектили и бомбардерите беа елиминирани во Украина, освен мал број кои ѝ беа испратени на Русија за отпишување на долг“, наведе тој, советувајќи му на Гренел да го проучи целиот случај.






