вторник, 17 февруари 2026

Режимски насилници нападнаа студенти и новинари во Нови Сад, демонстрантите ги нарекуваа „усташи“ (ВИДЕО)

Пред Српскиот народен театар во Нови Сад синоќа се случија инциденти во кои неколку мажи, собрани меѓу поддржувачите на владата, физички нападнаа студенти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според српските медиуми, тие ги пцуеле, удирале и навредувале, а биле нападнати и новинари кои дошле да видат што се случува.

Најмалку тројца студенти се повредени. Една студентка раскажа дека група постари мажи ја пцуеле и ја тепале, но таа успеала да избега.

Конфликтот се случил за време на протестот на граѓаните на Нови Сад поради одбележувањето на годишнината од Матица Српска, на кој Милош Вучевиќ зборувал наместо претходно најавениот претседател Александар Вучиќ. Поддржувачите на владата почнале да се разидуваат околу 21 часот, пишува Н1 Србија.

Доктор Слободан Шаиновиќ и студентот по медицина Милош Дробац, кои пружале прва помош, изјавија дека се погрижиле за три повредени лица, претежно со повреди на главата, и потврдија дека студентите се добро.

На платото во близина на СНП, каде што се одржала свеченоста за одбележување на двата века на Матица Српска, насобрани поддржувачи на српската власт во текот на вечерта им извикувале на граѓаните и студентите „Ацо, Србине“ и „усташи“.

Една група студенти успеала да стигне до платото пред СНП, во близина на поддржувачите на владата, пред да бидат поставени полициски кордони. Кога група маскирани мажи ги забележала, ги нападнале, пцуејќи и удирајќи ги. Нападнати се и новинари кои биле на местото на настанот.

Една од нападнатите студентки раскажала што доживеала.

„Видов дека го нападнаа мојот колега, па скокнав да го одбранам. Потоа луѓето собрани во близина на СНП ме нападнаа. Мажи на возраст од 50-60 години ме пцуеја, а потоа ме турнаа и ме удрија. Успеав да излезам. Добро сум, малку сум во шок, но ќе бидам добро. Она што се случува е неверојатно“, кажа таа.

Филозофскиот факултет во Нови Сад објави на Инстаграм дека четворица студенти од тој факултет биле нападнати и побара од полицијата да „биде корисна и да направи нешто“. Соговорниците на Н1 се огорчени и тврдат дека полицијата не реагирала соодветно.

На интернет-страницата Блокада е објавено видео на кое се гледа група мажи како напаѓаат млади луѓе, а се тврди дека тие се поддржувачи на СНС.

На свеченоста во Матица Српска зборувале Милош Вучевиќ и патријархот Порфирије. Претходно беше најавен говорот на претседателот Александар Вучиќ, но неговото доаѓање беше откажано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ