вторник, 3 февруари 2026

Републикански сенатор бара Трамп да ѝ испорача проектили „томахавк“ на Украина

Американскиот републикански сенатор Линдзи Греам побара од американскиот претседател Доналд Трамп да ѝ испорача крстосувачки ракети „томахавк“ на Украина по новите руски напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека притисокот што го вршиме врз (рускиот претседател Владимир) Путин да седне на преговарачка маса и да ги запре масовните напади врз Украина не дава резултати. Би го повикал претседателот Трамп да го почне процесот на испорака на ракети „томахавк“ на Украина, што би бил воен удар. Во наредните денови и недели, мора да го зголемиме притисокот врз Путин“, кажа тој.

Греам, исто така, предупреди на пошироките последици од мировните преговори ако, како што вели, агресијата премногу се наградува.

„Секој договор што ќе се толкува како претерано наградување на агресијата ќе предизвика катастрофи низ целиот свет. И обратното е точно. Ако преговорите резултираат со слободна, силна и независна Украина, која притоа морала да направи отстапки, светот ќе биде значително постабилен“, тврди тој.

Греам побара и построги мерки против земјите и компаниите кои купуваат нафта од Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го прекршила енергетскиот прекин на огнот на барање на Соединетите Американски Држави со масовен напад врз Украина во ноќта од понеделник кон вторник.

Зеленски кажа дека во последниот напад Русија лансирала 71 ракета и 450 беспилотни летала, намерно зголемувајќи го бројот на ракети и беспилотни летала со цел да се нападне во најстудениот момент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ