вторник, 15 јули 2025

Републикански пратеник: Гувернерот на Калифорнија треба да се полее со катран и пердуви

Претседателот на Претставничкиот дом, долниот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон, републиканец од Луизијана, денес изјави дека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, „треба да биде полеан со катран и пердуви“ како казна за начинот на кој се справува со протестите во Лос Анџелес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џонсон не кажа дека Њусом треба да биде уапсен – како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп – велејќи дека нема да даде таква правна анализа, но кажа дека Њусом бил „соучесник“ во „нападот“ врз органите за спроведување на законот.

„Слушајте, тоа не е моја работа. Нема да ви дадам правна анализа за тоа дали Гевин Њусом треба да биде уапсен, но треба да биде полеан со катран и пердуви. Ќе го кажам тоа“, им рече Џонсон на новинарите на прес-конференција.

Потоа Џонсон го обвини Гевин Њусом дека ја попречува владата во спроведувањето на федералниот закон. „Тој им аплаудира на лошите момци и им стои на патот на добрите момци“.

Џонсон тврди дека гувернерот е „учесник“ и „соучесник“ во тоа што агентите за спроведување на федералниот закон „не само што се непочитувани, туку се и нападнати“.

Њусом одговори со пост на социјалната мрежа Икс, велејќи дека коментарите на Џонсон се „соодветни“ со оглед на она што тој го нарече политика на Републиканската партија ориентирана кон минатото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ