петок, 16 јануари 2026

Републиканците во Сенатот ја блокираа резолуцијата за воените овластувања на Трамп во Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја отфрлија резолуцијата за воени овластувања со која ќе се ограничеше можноста на американскиот претседател Доналд Трамп за понатамошни напади врз Венецуела, откако Белата куќа извршила притисок врз неколку републикански сенатори што првично ја поддржале мерката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Републиканските сенатори Џош Холи од Мисури и Тод Јанг од Индијана вчера го смениле својот став, откако првично гласале за усвојување на резолуцијата, пренесува Си-би-ес њуз.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс морал да интервенира за да го пресече нерешениот резултат 50 наспроти 50. Републиканците искористиле процедурален маневар за да ја блокираат резолуцијата, тврдејќи дека таа повеќе не треба да има статус на „приоритетна“, што ѝ дава предност на седницата, бидејќи САД во моментов не се вклучени во „воени активности“ против Венецуела.

Лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун од Јужна Дакота го најавил овој аргумент во обраќање пред Сенатот.

„Денес очекуваме гласање за резолуција што наложува повлекување на американските сили од конфликт во или против Венецуела, иако САД во моментов не се вклучени во воени активности таму. Немаме трупи на терен во Венецуела. Во моментов не спроведуваме воени операции таму“, изјавил Тун.

Сенаторите минатата недела ја усвоија резолуцијата предложена од демократот Тим Кејн од Вирџинија, откако САД ги уапсија претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, а Трамп тврдеше дека САД сега ја контролираат земјата.

Пет републикански сенатори им се придружија на сите демократи во поддршката на резолуцијата, со што таа помина, по две претходни неуспешни иницијативи во Сенатот за ограничување на воените акции на Трамп во регионот.

Републиканските сенатори што гласаа заедно со демократите беа Холи, Јанг, Лиза Мурковски од Алјаска, Сузан Колинс од Мејн и Ренд Пол од Кентаки. Минатата недела Трамп ги критикуваше овие републиканци, велејќи дека „никогаш повеќе не треба да бидат избрани на функција“.

Тој повторно ги нападна во вторникот за време на говор во Детроитскиот економски клуб, нарекувајќи ги „вистински губитници“.

Поединечни сенатори рекле дека пред вчерашното гласање добиле повици од Трамп и од американскиот државен секретар Марко Рубио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ