среда, 21 јануари 2026

Рејтингот на Трамп во голем пад, дури 71 отсто од Американците сметаат дека земјата е вон контрола

Најновото истражување на јавното мислење спроведено од Југов за неделникот Економист во периодот од 16 до 19 јануари 2026 година укажува на драматичен пад на довербата во стабилноста и институционалниот поредок на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Податоците собрани од примерок од 1.722 испитаници даваат слика за длабоки социјални тензии и незадоволство.

Дури 71 отсто од Американците веруваат дека работите во земјата денес се „надвор од контрола“, додека само 18 отсто веруваат дека ситуацијата е под контрола.

Мнозинството испитаници, дури 61 отсто, веруваат дека државата оди во погрешна насока, додека 31 отсто од граѓаните ја поддржуваат сегашната насока.

Анкетата открива висок степен на недоверба во политичкиот систем; 58 отсто од испитаниците изразуваат незадоволство од начинот на кој функционира демократијата во САД, а една третина (33 отсто) се „целосно незадоволни“.

На конкретното прашање за испраќање федерални трупи во Минеаполис, јавноста е поделена со јасна тенденција на спротивставување: 52 отсто од испитаниците се противат на таквата мерка, додека 37 отсто ја поддржуваат.

Анкетата го вклучува и нивото на одобрување на работата на Доналд Трамп, што одразува длабоки поделби во општеството:

37 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на претседателот Трамп, додека 57 отсто не ја одобруваат.

Речиси половина од испитаниците, 48 отсто од нив, рекоа дека „силно не го одобруваат“ начинот на кој Трамп ги извршува своите должности, додека „силна поддршка“ (силно одобрување) даваат 22 отсто од граѓаните.

Трамп добива најниски оценки за инфлацијата и цените, каде што дури 61 отсто од граѓаните не ги одобруваат неговите постапки. Истото важи и за прашањата за расата и имиграцијата, каде што незадоволството го изразуваат 53 отсто од испитаниците.

Анкетата опфаќа 1.722 возрасни граѓани на САД. Примерокот е нагоден според полот, возраста, расата, образованието и претходното гласачко однесување за да се обезбеди репрезентативност. Маргината на грешка е ±3,2 процентни поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ