вторник, 1 април 2025

Редок повик за помош од воената хунта во Мјанмар по катастрофалниот земјотрес

Мјанмарската хунта упати редок меѓународен апел за помош по силниот земјотрес што во петокот ја погоди земјата, а властите прогласија вонредна состојба во шест региони поради обемот на штетите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Водачот на Хунтата, Мин Аунг Хлаинг, ја обиколи болницата во главниот град Најпидав, каде што се лекуваат многу од жртвите, објавија новинарите на АФП од местото на настанот.

„Сакаме меѓународната заедница да обезбеди хуманитарна помош што е можно поскоро“, изјави портпаролот на хунтата Зав Мин Тун за АФП во оваа болница.

Властите не го објавија бројот на жртвите, но фактот дека воената власт, изолирана по државниот удар во февруари 2021 година, апелира за помош, сугерира дека ова може да биде катастрофа од големи размери.

Плиткиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се случи  напладне на 16 километри северозападно од градот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар, по што неколку минути подоцна следеше втор земјотрес со јачина од 6,4 степени, соопшти Американскиот геолошки институт.

Потресите биле почувствувани дури до главниот град на Тајланд, Бангкок, на околу 1.000 километри. Вонредната состојба се однесува на најтешко погодените региони: Сагаинг, Мандалеј, Магвеј, потоа североисточниот дел на Шан, Најпидав и Баго, се вели во соопштението за печатот.

Зав Мин Тун рече дека се потребни крводарители за жртвите во Мандалај, Најпјидау и Сагаинг.

Објавувајќи воведување вонредна состојба во неколку региони, војската на Мјанмар на апликацијата за размена на пораки Телеграм соопшти дека „државата брзо ќе ја истражи ситуацијата и ќе спроведе спасувачки операции додека обезбедува хуманитарна помош“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ